377
На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска во еднодневна работна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас.
За време на посетата, соопшти МНР, министерот Коѕиас, како што е најавено, треба да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.
Коѕиас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.