691
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 31 август ќе го посети Скопје.
Како што објави МИА, посетата на Коѕиас на Скопје кон крајот на август беше најавена уште за време на престојот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Атина во јуни годинава.
Засега нема официјална потврда од грчкото МНР за датумот на кој Коѕиас ќе престојува во Скопје, но некои грчки медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека прашањето за името ќе биде главна тема за која ќе разговараат министрите за надворешни работи на двете земји.