730
Од домот на Катица Јанева во Скопје, при претресот за истрагата “Рекет” обвинителката Вилма Русковска одзела мобилен телефон, нотес, како и кожна чанта од марката “луј витон”.
-Одземена е и една аголна гарнитура, две фотелји и една дрвена маса, рече обвинителката Ивана Трајчевска.
Од канцеларијата на Јанева во СЈО пак биле биле одземени еден лаптоп, 1 двд, неколку УСБ, два надворешни хард диска…
Во торба “луј витон” пак бизнисменот Орце Камчев стави еден милион евра, а со која од неговиот дом заминале Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.
Судењето е во тек.
В.В.