Спасовски им се извини на нападнатите туристи во Скопје

by fokus

Вчера Скопје но и цела Македонија беше сведок на еден немил настан, откако туристи беа вербално нападнати во Скопје од непознато лице кое им се обраќаше со зборовите „Корона вирус, мрш од тука“.

Техничкиот-премиер Спасовски јавно им се извини на туристите, кои се од Јужна Кореја.

„Говорот на омраза е непожелен. Им се извинувам на туристите и апелирам на одговорност кај граѓаните. Јас очекувам дека МВР ќе постапи брзо и ефикасно да се преземат соодветни санкции. Треба сите да бидеме длабоко свесни дека сите ние сме лицето на државата“, истакна Спасовски.

Поврзани новости