Како пратеник во Собранието сакам да кажам дека завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме. Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изрази жалење што денеска немаше претставници од Министерството за одбрана на оддавањето почит на загинатите односно починати бранители од 2001 година.
Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.