Курти во Тирана доби поддршка за договорот со Белград

by Fokus

Премиерот на Косово Албин Курти во разговор со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и претседателката на парламентот на таа земја, Линдита Никола добил поддршка за европскиот план за дијалог меѓу Косово и Србија, објавија албанските медиуми.

Курти и Бегај во Тирана разговарале за преговорите со Србија, а потоа косовскиот премиер ја информирал претседателката на Собранието за договорот.

„Бегај, откако беше детално информиран за преговорите со Србија, кои ги води Европската Унија и ги поддржува Соединетите Американски Држави, го поздрави лидерството, внимателноста и храброста што ја покажаа Курти и преговарачкиот тим на Косово за прифаќање на европската план, како и да го потпише и спроведе“, се вели во соопштението.

Договорот и определбата на страните за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и соодветниот анекс, како негов составен дел, е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на земјите од регионот во ЕУ, додаде Бегај.

Претседателот на Албанија е убеден дека обврските преземени во Охрид ќе бидат целосно испочитувани и дека ќе се изнајдат соодветни механизми тој јавен договор да се претвори во обврзувачки и применлив за страните на меѓународен план, се додава во соопштението.

Поврзани новости