Ковачки со закани кон обвинителите: Целото обвинителство треба да се „издига на клоци“

by irena 15:37
15:37

„После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се издига на клоци“, реагира на социјалните мрежи, Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека има класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение.

„Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи! Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката.

Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе“, пишува Ковачки.

По вчерашната посетата на АНБ, членови на надлежното собраниско тело денеска беа во Агенцијата за разузнавање да извршат надзор по наводите за нелегално прислушување.

Слични вести