Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена.
Ова е одговорот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се за тоа Бугарите да се внесат во Уставот со цел да се означат како малцинство во Македонија.
-Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат малку во сопствениот двор затоа што тие кај себе имаат една линија која што не го подржува раководството и која што не се согласува со криминалот на сегашното раководство и да не прават обиди за дефокус од сопствените проблеми, обидувајќи се да прават проблеми таму кај што ги нема. Нашиот став по тоа прашање е јасен и тоа прашање е затворено, дециден е Ковачки.