Ковачки: Онишченко добил државјанство со потпис на новиот директор на АНБ!

by Фокус

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски, човекот со чиј потпис Онишченко добива македонско државјанство, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Документот кој е објавен на социјалните мрежи покажува дека Зарко Милошевски го дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки. На овој документ Милошевски е потпишан како овластено лице кое одобрило Известување до Секторот за управно надзорни работи, дека не постојат пречки од безбедносен карактер за Онишченко да добие државјанство – рече Ковачки.

Според него, Милошевски е клучна алка за Онишченко да добие државјанство.

-Ова одобрение е издадено на 03.03.2022 година, во време кога премиер е Ковачевски. Овој предмет чекал повеќе од 9 месеци на одобрување во време кога премиер е Заев, а се решава само за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски. Кој е интересот на Ковачевски за давање на државјанство на Онишченко, и дали Зарко Милошевски е поставен за директор на АНБ како награда или за да молчи за одредени процеси? – праша Ковачки.

Поврзани новости