Имам две пратенички прашања, првото прашање е упатено до министерот за внатрешни работи, станува збор за една фирма која што добила тендер за храна од министерството за внатрешни работи. И која исто така добила грант од државата за изградба на фабрика од оваа Влада. И исто така оваа фирма добива тендери во рекордни 13 милиони евра. Значи почитувана јавност во касарните односно во објектите на министерството за внатрешни работи конкретно во Ѓорче Петров во касарната имаме потполно нов објект изграден пред десетина години, а токму кога во периодот е министер за внатрешни работи Оливер Спасовски тој објект дополнително се осовременува и се набавува најсовремена кујна. Значи по сите хасап стандарди.
Истото е и со Центарот за обука во Идризово. Значи имаме нови кујни со нова најсовремена опрема за приготвување и складирање на храна. Кујни во кои досега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници. Но овој пат внимавајте за првпат во независна Македонија полициските службеници сместени во овие објекти што ги спомнав ќе конзумираат храна која ќе биде набавена од приватна фирма. И тоа не било од која фирма туку од фирма која е основана токму со поддршка од Владата на ДУИ во која партиципира и Социјалдемократскиот сојуз. Значи МВР изградило нови објекти како кујнско трепезариски блокови односно набавила скапа нова опрема, но услугите за исхрана ги дало на фирма која добила грант од 1.6 милиони евра од Владата“, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.