Да се обединиме затоа што ова ни е последна шанса за спас на Македонија. Да се сплотиме и масовно да излеземе на 8 мај, да им го зададеме вториот удар, а веднаш потоа да побараме одговорност. Одговорност за сите катастрофални политики кои ја уназадија Македонија, штетни политики кои ги носеа и со кои ве осиромашија, за сите стратешки грешки со кои ја понижија Македонија и го обесправија македонскиот народ, порача од Кочани Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 во рамки на парламентарните и претседателски избори.
„Да не им дозволиме нови 4 години за да крадат. Ковачевски му ја даде Македонија на Али Ахмети само за да опстои на власт дозволи Македонија да стане држава на криминал и корупција, Македонија на сиромашни граѓани, Македонија каде економијата е на дното. Ковачевски е само еден обичен полтрон на Али Ахмети, а Стево Пендаровски нем набљудувач. Да не им дозволиме затоа што нивната цел е целосно да ја уништат Македонија, нашата Македонија која ја градиме години наназад и за која се бореле генерации и генерации.
Ковачки потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е во сојуз со народот, а СДС во сојуз со ДУИ и кирминалот.
„Ние сме во сојуз со народот, со овој македонски народ кој го крена својот глас против криминалот на СДС и ДУИ. Ние сме во сојуз со земјоделците, со работници, со здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со младите, со просветните работници, со културните работници. За разлика од нас Димитар Ковачевски е во сојуз со Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, и неколкумина од ДУИ кои Македонија ја гледаат како приватен бизнис. Се обезбедија и себе си и следните генерации, додека народот трпи и едвај врзува крај со крај, тие од СДС и ДУИ стануваат сопственици на трговски центри, на милионски фирми. Живеат во хациенди какви што гледаме само по филмовите. ЕПА ДОСТА Е!!!! ДОСТА Е, изјави Ковачки.
Ковачки упати порака на Ахмети, Груби и Лога, нагласувајќи им да се изгубат од третата изборна единица, бидејќи има информации дека тие вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат се со цел да добијат еден пратеник и во третата изборна единица.
„Сакам да упатам порака до Али и Груби. Деновиве слушам дека вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат, го праќаат Кренар Лога потрчкото од Алијанса во Делчево и Берово се со цел да добијат еден пратеник овде во третата изборна единица. Кренар не си ги валкај рацете. Не ти е таму местото. Повлечи се додека е време, ќе завршиш во затвор, како министер за правда знаеш дека тоа што го правиш е против законски, вели Ковачки.
Ковачки му посочи на Ахмети, дека во третата изборна единица луѓето се тотална спротивност од него, односно дека се работливи, чесни, вредни и достоинствени, како и дека токму тој народ ќе го збриши на 8 мај и ќе го испрати конечно во опозиција после 22 години власт.
„Али ова не е Мала Речица. Нечесните пари со кои сакаш да ги поткупиш граѓаните задржи ги за себе, ќе треба да ги вратиш после 8 мај. Јас ти ветувам секој денар што го зема ќе мора да го вратиш. Овде во третата изборна единица живеат луѓе сосема спротивни од тебе. Овие луѓе се чесни, достоинствени, работливи, земјоделци, кој чесно заработуваат и кој не можеш да ги купиш со твоите валкани пари, истакна тој и додаде:
Али, овде нема место за криминалци како тебе и мешетарот Груби, овде нема трговски центри кои вие сакате да ги земете без ниту еден денар влог, нема овде рекетирање, нема овде бизнис зделки за да профитирате. Затоа да си ги соберете парталите со Груби и да се изгубите од тука. Не си фактор овде, време е после 22 години власт да заминеш во длабока опозиција. Вашите комбинации и валкани дилови завршуваат на 8 мај. Полтрони може да ти бидат само СДС, Ковачевски и Пендаровски, но не и македонскиот народ. ГОТОВ СИ. Народот овде во тројка на 8 мај ќе те збрише и тебе и ДУИ!!!
А овие од СДС кои што се гневни и разбеснати поради поразот им порачувам, не се обидувајте да го заплашувате и уценувате овој народ, не помислувајте затоа што македонскиот народ ни когаш не се плашел. Не ви се плаши, ВМРО-ДПМНЕ е во сојуз со народот, ќе ви покажеме што значи притисок кон македонскиот народ на 8 мај.
Ковачки додаде дека Платформата 1198 во Кочани се обврзува на:Изградба на Дом за стари лица во Кочани, изградба на Јужен булевар – поврзување на ул „Никола Карев“ од вкрстувањето со железничката пруга во Кочани, изградба на систем за одведување и третман на отпадни фекални и атмосферски води во спортско рекреативен центар Пониква (главна водоводна мрежа во спортско рекреативен центар Пониква и доводен цевковод кај идна акумулација Пониква 1 до резервоарите 1 и 2 за водоснабдување на СРТЦ Пониква), реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, изградба на катна гаража, изградба на колектор за фекална канализација Виница- Кочани до ПСОВ Мојанци, изградба на главен потисен цевковод дел 3 до препумната станица и изградба на мост на Кочанска река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.