Ковачевски: Заврши играчката со здравствениот систем, отсега ќе се знае од влез на лекот во државата, каде се движел и каде завршил

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека по случајот со злоупотреба на терапијата на Клиниката онкологија Владата ќе расправа за воведување на тракинг-трејд систем, или систем со кој ќе се следи движеењето на лековите од нивниот увоз до тоа каде завршува.

Тој рече дека претходно разговарале за воведување на ваков систем за акцизните стоки и дека имало идеја ваков тракинг-трејд систем да има и за лековите, но дека наишле на голем отпор. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарски параша за случајот со злоупотреба на цитостатици на Клиниката за онкологија, кој го откри и за кој пишуваше Фокус.

-Ние сега немаме тракниг-трејд систем ниту за акцизни стоки, ниту залекови. Имаше предлог покрај за акцизните стоки да се воведе и за лековите, но имаше голем отпор. Е сега и тоа ќе се воведе и ќе се знае од каде доаѓа лекот, како се движи и каде завршува. Заврши играчката со здравствениот систем, рече Ковачевски.

 

 

Поврзани новости