Ковачевски: Криминал како оној на Клиниката за онкологија е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој како премиер дава поддршка на МВР и ОЈО да го расчистат случајот со злоупотреба на терапијата на Клиниката за онкологија, кои завчера спроведоа акција за обезбедување докази за можн злоупотреби кои беа објавени во Фокус.

-Како премиер и политичката партија од која сум ја поддржувам акцијата на МВР и ОЈО. Овие наводи се грозни и кои не смее да се случуваат, а за кои сме слушале во текот на  изминатите 20 години. Но,  ова е прв пат да биде спроведена ваква обемна акција за идентификување на можни сторители за вакви дела, изјави Ковачевски.

Тој исто како и СДСМ претходно повика да  не се прави сензационализам и да не се прави напад на сите доктори и медицински сестри во државата.

-Најголем дел од медицинскиот персонал кој работи во нашата држава се извонредни луѓе кои се грижат за здравјето на сите нас. Секој криминал има име и презиме и задачата на МВР и ОЈО е да обезбедат докази да се идентификуваат сторителите. Како премиерот и владата нема да интервенираме да заштитиме кого било, бидејќи се работи за грозни наводи, изјави Ковачевски.

Тој рече дека по социјалните медиму се прави обид да се креира слика дека во овој случај има вмешнаост само на одредени лица, зависно од нивната припадност.

-Ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен. затоа повикувам и МВР и Обвинителството непречено да ја извршуваат својата работа и ја имаат наша целосна поддршка, изјави Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто досега се чекало за дасе направи истражна постапка, кога за ова веќе подолго време новинарите пишуваат, тој рече дека штом МВР и Обвинителството ги добиле првичните информации веднаш е преземена обемна акција.

-Дека овие наоди се земени сериозно зборува и обемноста на истрагата која завчера ја презедоа МВР и Обвнителството. Не знам колку министри се смениле во здравството , но вакви написи има две децении. Прв пат се прави ваква обемна акција во Клиничкиот центар во Скопје и секој навод за која било клиника ќе биде третиран и санкциониран. Одговорноста има и презиме и ќе бидат казнети оние кои го прекршиле законот и етичките и моралните норми., изјави Ковачевски.

Тој одговарајќи на новираско прашање рече дека на Клиниката за онкологија има нова директорка, која соработува со истрагата.

-Сите документи поврзани со овој случај се комплетно доставени во Обвинителството и дали какква одговорност ќе има одговор треба да даде обвинителството.  Владата нема да први интервенции ниту да се меша во работата на судските органи, а ако е потребно МВР стои на располагање во преземање на вакви акции, како таа што беше извршена завчера, изјави Ковачевски.

Поврзани новости