Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ: Ако не ја поддржуваат техничката влада, не може да учествуваат во неа

by Fokus

Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја гласа техничката влада, тогаш нема да има министри во неа, вели премиерот Ковачевски. Според него, не може политичка партија да не ја поддржува владата а да учествува во неа.

„Никаде во светот нема политичка партија која не ја поддржува владата а учествува во неа. Кога се учествува во влада, тоа значи дека таа влада треба да се поддржи. Ако не гласа, сметам дека тие места треба да останат празни. Новиот мандатар да предложи влада во која местата кои ѝ следуваат на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат празни. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи владата, мандатарот може да предложи тие министри да бидат изгласани“, одговори Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ се против тоа Талат Џафери да биде премиер во техничката влада, поради што најавија дека ќе гласаат воздржано.

Поврзани новости