Ковачевски за средбата на Рама со албанските партии: Тој е наш докажан пријател!

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, прашан за средбата помеѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на албанските партии во Македонија, истакна:

„Секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден, со оглед дека во нашиот регион постојат два концепти, а тоа се каде што предводници сме јас, Рама и други премиери – европска интеграција на регионот и другиот концепт во кои што политичари сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Тие политичари никогаш не понудија алтернатива“, кажа Ковачевски.

Поврзани новости