Ковачевски за Димовски: Направи историски исчекор и напредок за сите работници во државата

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство до семејството на првиот човек на ССМ, Дарко Димовски кој почина на 45-годишна возраст.

-Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите.
Неговата посветеност на борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.
Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата.
Слава му!, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Погребот на Димовски ќе биде утре, на 12 јуни, во 13 часот, а од 12 часот посмртните останки ќе бидат во капела на градските гробишта Бутел.

Поврзани новости