Ковачевски во увид на топлинските капацитети пред стартот на грејната сезона

by fokus

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје, пред утрешниот почеток на грејната сезона.

Ковачевски, како што информираат од АД ЕСМ, ја посети топланата Исток, производен капацитет кој произведува 70 проценти од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, и која заедно со топлана Запад од оваа грејна сезона е под стопанисување на АД ЕСМ, односно друштвата за топлинска енергија на ЕСМ.

Од АД ЕСМ, посочуваат дека увид е извршен и во подготвеноста на подружницата Енергетика, пред сè во текот на активностите за санација на топловодна мрежа во должина од 80м во Автокоманда, Oпштина Гази Баба, заради ефикасна испорака на топлинска енергија.

Поврзани новости