Ковачевски ветува: Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од кризата!

by Fokus

Заедно со последниот пакет антикризни мерки кој изнесува 360 милиони евра во текот на оваа година вкупниот пакет антикризни таргетирани мерки за најранливите категории граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите изнесува 800 милиони евра, рече премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза и сите ќе ја пребродиме заедно затоа што Владата одговорно и навремено презема мерки со цел да обезбеди поддршка за граѓаните и компаниите и тоа ќе продолжиме да го правиме се до завршување на кризата. Мојата цел е во зимата пред нас да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме во државата и да ги искористиме контактите со сите наши соседи со кои воспоставивме добри односи во изминатите пет години и на тој начин да обезбедиме непречено снабдување со енергенси и со ресурси за производство на електрична енергија во капацитетите со кои располагаме, истакна Ковачевски.

Поврзани новости