Путин до Западот: Или ќе продолжиме вака или ќе работиме заедно!

by Фокус

Западот работи на неколку ескалации во светот и тие секогаш се обидуваат да го направат тоа, како што се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата во Украина, Тајван, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

-Тоа е опасна, валкана и убиствена игра што ја игра Западот. Тие веруваат дека другите немаат права на нивните единствени права. Човештвото има два избора – или ќе продолжиме со проблемите што ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно. Верувам во здравиот разум – нагласи Путин.

Рускиот претседател ги повика западните лидери да работат на заедничка иднина со Руската Федерација. Тој исто така додаде дека Западот се обидува да ја избрише руската историја и да ја прикаже таа земја како негативец.

-Ако сте демократи, тогаш треба да ја прифатите желбата на милиони луѓе за слобода – рече Путин, поврзувајќи ги областите во Украина кои Русија ги нападна.

Тој нагласи дека САД сакаат само да доминираат во светот, наведувајќи дека Западот не може да ја наметне својата агенда на Русија, како и на азиските и исламските земји.

-Западот ќе плати ако продолжи вака… Да бев западен лидер, ќе размислував за иднината – порача Путин.

Поврзани новости