Ковачевски: Ужасната вест од Турција не растажи сите

by fokus

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска преку Фејсбук изрази сочувство до Турција за жртвите од катастрофалниот земјотрес кој утринава ја погоди земјата.

-Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Најмалку 670 лица загинаа во Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што се случи рано утринава.

Поврзани новости