(ФОТО) Пендаровски и го покажа шарпланинецот Рок на унгарската претседателка

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.

По официјалниот пречек, Пендаровски на Новак и го покажа шарпланинецот Рок,  македонска раса на кучиња, симбол на македонската традиција.

Иако првично се доби впечаток дека Пендаровски и го подарува кучето на претседателката, од Кабинетот за „Фокус“ појаснија дека станува збор за тримесечниот шарпланинец Рок кој се чува во претседателскиот Кабинет.

Претходно Пендаровски го добил шарпланинецот на подарок од македонската Армија.

Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок.

Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

К.С.Б.

Поврзани новости