744
За јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина, истакна премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија.
Тој истакна дека во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, кои, како што истакна, ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка што ќе претставува пат до финално решавање на спорот.
-Нашиот јазик е јасно впишан во Обединетите нации и исто така јасно впишан во документите на ЕУ – рече Ковачевски.