Горат куќи во Тетово – едно лице заврши во болница

by fokus 21:17
21:17

Пожар кој узбувнал вечерва во куќа во тетовската населба Колтук се проширил во соседните куќи, а едно лице со повреди завршило во болница.

Според официјалните информации од тетовската полиција коишто ги доби Фокус, пожарот избувнал вечерва околу 19 часот и 20 минути и се проширил во соседната куќа, додека локалните медиуми пренесуваат дека поголем дел од градот е без струја.

-Вечерва околу 19 часот и 20 минути, во СВРТетово пријавен е пожар во куќа на улица “Вукашин Симовски” во тетовската населба Колтук, сопственост на 50-годишниот тетовец И.С, кој при тоа задобил повреди и веднаш е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.Пожарот се проширил и на соседната куќа во која подолго време не живеел никој.Екипи на тетовскста Територијална противпожарна единица со неколку возила ангажирани се на локализирање на пожарот, велат од тетовската полиција за Фокус.

Фото: Тетово инфо

Поврзани новости