Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза, објави на својот фејзбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
Како што истакна Ковачевски, политиките на добрососедство овозможуваат поддршка онаму каде што највеќе треба.
„Струја, енергенси и храна, мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас.
Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата“, истакна Ковачевски.