Ковачевски: Собранието се уште не го побарало договорот за изградба на коридорите

by Fokus

Собранието се уште не побаррало од Владата да ги достави договорите со американско-турската компанија „Бехтел и Енка“ за изградба на ккоридорите 8 и 10, ова денес го изјави премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на магистралниот пат Куманово-Страцин.

Тој рече дека договорите се доставени во Обвинителството и во Комисијата за спречување на корупцијата.

„Договорите се доставени до Обвинителството од Јавното претпријатие за државни патишта, до Антикорупциска комисија. Испратено е писмо до Собранието на соодветна комисија која ќе ја избере Собранието, а на барање на опоизицијата да биде доставен и презентиран договорот од претставници на Владата. Тоа Собранието се уште не го побарало“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека очекува поддршка на законите, чие донесување ќе овозможи побрза изградба на коридорите.

Пратениците од опозицијата пак на деншената седница на Собранието на која се тасправаше за последниот од пакетот од пет закони, Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10д, реагираа дека треба да гласаат за законите а не го виделе договорот за нивна изградба.

Поврзани новости