Ковачевски со жесток одговор до Ковачки во Собрание: Кодош кој плука и по живо и по мртво

by fokus

Лопови, криминалци, неработници насилници и кодоши чие раководство е осудено на десетици години затвор, и порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Димитар Ковачевски откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во Собрание на пратенички прашања го праша директно премиерот дали е точно дека дезертирал од служење во војска во 2001 година и дека е крајно неспособен.

Според она што го кажа Ковачевски, за овој случај тој во 2000 година добил мислење од лекари дека има здравствен абдоменален проблем кој и денес го има.

-Во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради мој здравствен абдоменален проблем со кој се уште се соочувам се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска, изјави Ковачевски.

Ковачевски за прв пат во Собраие и упати навредливи зборови на опозицијата особено на Ковачки и кажа дека обвинувањата доаѓаат од човек кој кодошел, крадел документи од АРМ, издавал информации и тргувал со нив со странски структури.

-Човек кој кодоши и плука и по мртви и по живи, порача Ковачевски.

Според него, тој во 2001 година бил во Куманово и во Скопје и му помагал на неговиот татко, кој тогаш бил градоначалник и неговите сограѓани, а дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ биле на грчките плажи.

Поврзани новости