769
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва изјави дека ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тогаш кога ќе има теми за кои ќе треба да се разговара.
– Средбите со политичките парити се нормални и кога ќе има теми за кои ќе треба да се разговара тогаш нормално тие ќе се случат и кога ќе се случат јавноста ќе биде информирана. Сигурно има теми, но кога ќе се случи таква средба ќе биде информирана јавноста, рече Ковачевски во интервју за ТВ Сител.