Промените кои беа изгласани од Собранието, а предложени од Владата за Кривичниот законик е усогласување со Европската директивата , во која се предвидува проширена конфискација во дела кои се казниви согласно со Кривичниот законик, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на нновинарско прашање зошто законските измени се направија во скратена постапка.
-Има измани во еден општ ллен 353 кој што многу се експлоатира во јавноста, а кој што претставува, и според мислењето на експертите кои беа консултирани при изработкката на овие измени, за еден општ член според кој се прават голем број обвиненија, изјави Ковачевски, додавајќи дека во законодавството на земјите членки на ЕУ има конкретизирани кривични дела во кривичните закони.
Според него во минатото во најголем дел се правеле обвиненија по еден ваков општ член.
-Според тоа судските постапки траат со години некои и со децении и никогаш не се случува да комплетно имотот кој бил злоупотребен врз основа на неправилно спроведени постапки на некој кој тоа го направил да биде конфискуван во целост и целиот кој потоа бил надоградуван врз основа на така стекнат имот. Со ова се овозможува токму тоа. Со ваквите измени овозможуваат поголема ефикасност и поголема ефективност на судските постапки, изјави Ковачевски.
Според него има судски случаи по овие општи членови кои траат поредолго и од кои нема резултат. Премиерот смета дека со измената се зголемува бројот на казниви дела и на фрекфенцијата на казните, а не само должината на казните.
Тој додаде дека на собраниската комисија на која се расправало за изманите на Кривичниот законик немало предолга дискусија и дека сите пратенички групи биле во Собранието кога се гласало.