Ковачевски: Секој нов почеток е шанса, да се обединиме во градење просперитетна, среќна и напредна држава

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите, соопшти владината прес-служба.

Големиот христијански празник Божиќ, како што истакна премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.

-На сите христијански верници сакам да им го честитам големиот празник Христовото раѓање Божиќ. Сакам да им посакам љубов, среќа, здравје, мир во нивните домови, и како што христијаните се обединиле во Витлеем на овој голем празник, исто така посакувам и сите наши граѓани, сите наши Македонци, да се обединиме во градење на просперитетна, среќна и напредна држава. Среќен Божиќ, Христос се роди, вистина се роди!, вели Ковачевски.

Поврзани новости