Ковачевски се сретна со Ќучук, тема бил односот со Бугарија

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевески кој е во прва посета на Брисел вечерва одржа неформална средба со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, објави Владата на официјалниот фејсбук профил.

-Премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи во Брисел остварија и неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која разменија мислења за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, стои на фејсбук профилот на Владата

Поврзани новости