Ковачевски се сретна со Фон дер Лајен во Атина: Да не се пропушти оваа шанса за ЕУ

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

На средбата, биле разменети мислења за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Била истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лејен, размениле мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите, соопштуваат од Владата.

-Двајцата соговорници се осврнаа на продобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на претседателката Вон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите. Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот, се вели во соопштението на Владата.

Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш било потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.

Поврзани новости