Ковачевски: СДСМ ќе има кандидати на парламентарните избори, коишто ќе ги победат сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Техничката Влада е законска одредба и немојте да мислите дека не постои комуникација меѓу политичките партии во Парламентот, кои се застапени“.

Ова меѓудругото денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски кој по посетата на Битола одговараше на новинарско прашање за тоа кога ќе имаат средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема – техничка Влада.

– Средба за техничка влада ќе има откако партиските органи ќе заседаваат. Така да тоа ќе биде откако партиските органи ќе заседаваат нормално, ќе има средба, којашто јас веќе кажав нема да биде најавувана преку медиуми, бидејќи такви средби не треба да се најавуваат преку медиуми, туку ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание – рече Ковачевски.

Ја коментираше и вчерашната изјава на Мицкоски дека доколку не се избере член на ДИК од албанската опозиција, во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе од ДИК.

– Парламенот и Комисијата за прашања и за избори и именувања треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК, додаде Ковачевски.

За објавените носители на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во 2024 година, и кои ќе бидат носителите на пратеничките листи по изборните единици, Ковачевски само кусо одговори.

– СДСМ ќе има кандидати на парламентарните избори, коишто ќе ги победат сите кандидати кои што ги наброевте – рече Ковачевски.

Поврзани новости