Ковачевски: СДСМ е стожер на родовата еднаквост

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, присуствуваше и се обрати на трибината „Гласна и Храбра – Ти ја продолжуваш борбата“. Ковачевски на трибината порача дека инвестирањето во родовата еднаквост носи само добро за државата, побрз развој, прогрес, подобро општество за сите.

-Кога станува збор за СДСМ, 8 март е првиот од 365-те дена во кои ние активно работиме на рамноправност и еднаквост. Навистина сум горд што предводам партија, која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Токму затоа жените отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Во мојот мандат како премиер од министрите предложени од СДСМ беа 50% жени, сите заменици министри кои ги предложив беа жени, сите државни секретари кои ги предложив беа жени и сите членови на мојот кабинет освен шефот на Кабинет, беа жени – рече Ковачевски.

На трибината, тој говореше за сегашните мерки во однос на родовата еднаквост, при што посочи дека СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа, а во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени.

-Министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени, додека 40% од жените се на извршни функции и 33% во одлучувачки органи во спортот. Имаме Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се поставува основата за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Исто така донесена е Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026 и Акциски план 2022- 2024 година – рече Ковачевски.

Поврзани новости