Ковачевски: Решавањето на историските проблеми остави празнини во реалната политика

by fokus

СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата.

Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

На обвинувањата на опозицијата оти е „маша“ во рацете на Заев, Ковачевски вели оти не е ничиј човек, туку, како што изјави, „човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“ и оти како долгогодишен член на СДСМ ја очекува поддршката од многу сопартијци, актуелни и минати функционери. Ковачевски додава дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

Владата на СДСМ храбро се посвети на решавање на историските проблеми со соседите и го отвори европскиот пат што одзема многу енергија и време. Сепак, тоа остави празнини во реалната политика како и реализација на ветувања и проекти. Ова мора да го унпаредиме преку поголем фокус на клучните проблеми дома, добар менаџмент од професионалци на сите позиции и одоговорност на секој функционер за својата работа, вели Ковачевски.

Тој дека СДСМ мора да ја подобри комуникацијата со членството и дека не може да ги бараат луѓето само пред избори или кога нешто и треба на партијата, туку постојано да ги вклчуваат, а нивниот глас да биде слушнат. И не е доволно само да биде слушнат туку и да видат дека тоа што го бараат и порачуваат се спроведува.

СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на минималната и просечната плата. Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат секојдневнието. Партијата која владее треба да биде постојан контакт со реалните проблеми и на истите да има одговори.

 

Понатаму, потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата. Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони. Граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политчари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. Потребна е поголема конзистентност помеѓу она што го зборуваме и она што го правиме и само така ќе ја вратиме довербата, смета Ковачевски.

Поврзани новости