Од каде и се на ВМРО-ДПМНЕ информациите за наводната киселина за хероин?

Од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин?

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ утринава испрати соопштение во кое прашува дали автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани изгорел толку бргу бидеќи превезувал киселини кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи станува збор за сериозни обвинувања, на кои партијата им дава публицитет во јавноста, но истовремено се оградува од нив со тоа што ги презентира во прашална форма, „Фокус“ испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин.

Целиот случај е веќе компромитиран поради тоа што власта не дава одговори на прашањата кои се појавија во јавноста, дополнително што бугарските медиуми ја објавија и веста дека се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин за што власта е должна да даде конкретни одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето за киселината за продизводство на хероин прво излезе во еден бугарски весник, па ВМРО-ДПМНЕ оттаму го преземале. Немаат други информации кои стигнале до нив во оваа насока.

Досега нема објавено  вакви инцидии кои произлегуваат од истрагата која ја водат бугарските истражни органи.

Од ВРМО-ДПМНЕ додаваат дека вистински сомнително е што директорот  на Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година, па прашуваат дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите.

Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Јавноста треба да добие одговор дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

К.С.Б.

 

 

 

 

Поврзани новости