664
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на Саемот на Отворен Балкан во Белград се сретна и поразговара со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ковачевски на својот Фејсбук профил сподели фотографии и откри дека со Ѓоковиќ зборувале и за македонското вино.
-Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот, напиша Ковачевски.