Роналдо ќе му стане соиграч на Алиоски?

by fokus

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо би можел да му се приклучи на Фенербахче, тврди „Ајанспор“. Играч на Фенербахче од оваа сезона е и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Според турскиот медиум, 37-годишниот Португалец се договорил за личните услови со клубот од Истанбул и останува клубовите да се усогласат.

Забележано е дека неговиот сонародник, главниот тренер на Фенербахче, Хорхе Жесус, кој го убедил да се согласи на трансферот, лично комуницирал со напаѓачот.

Летниот преоден рок во Англија ќе се затвори вечерва на полноќ, додека во Турција ќе биде отворен до 8 септември.

Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари за Јунајтед и немаше ефектни акции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.

Поврзани новости