Ковачевски присуствуваше на отворањето на 77. Генерално собрание на Обединетите нации

by fokus

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој предводи владина делегација во Њујорк, денеска присуствуваше на отворањето на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.

-Ми беше чест денеска да присуствувам на официјалното отворање на Генералното собрание на Обединетите нации од страна на Генералниот секретар Антонио Гутереш. Фокусот на оваа генерална дебата е на заедничкото делување и дијалог како единствениот начин кој ќе овозможи развој.

Трансформацијата на општеството и одговорот на глобалните предизвици бараат заеднички напори за справување. Солидарноста, одржливите решенија и науката се нашиот патоказ за иднината, напиша премиерот на фејсбук.

Поврзани новости