Листата за санкции или т.н. „Црна листа“ не била тема на средбата утрово во Владата со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле. Се разговарало за енергетската безбедност, справувањето со економската криза, претседавањето со ОБСЕ, евроинтеграциите и борбата со корупцијата и владеењето на правото, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој на новинарско прашање по посетатата на компанијата „Пекабеско“, појасни дека тоа е активност која што ја спроведуваат САД во рамки на нивната Стратегија за борба против корупцијата објавена од страна на американскиот претседател, во која се точно наведени активностите коишто се преземаат во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата како во САД така и во држави коишто се нивни партнери, како што е и Македонија.