Ковачевски: Никогаш нема да ги прифатам критиките од ВМРО-ДПМНЕ и ученикот на Груевски

by Fokus

„СДСМ е обединета и силна партија, која секогаш останала на браникот на татковината. Партија направена од цврст материјал и подготвена да се бори за граѓаните и за иднината на државата“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Драчево.

Тој рече дека тоа се докажа изминатите години, коgа во време на тешка енергетска и економска криза, СДСМ не ги остави граѓаните сами и ги зголеми платите и пензиите, ги заштити работните места и обезбеди 2,6 милијарди евра за антикризни мерки.

„Така беше и кога донесовме тешки, но исправни одлуки за Македонија да стане дел од НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ. Никогаш не се откажавме и нема да се откажеме од нашата визија за европска Македонија со европски животен стандард и европски вредности и правила на игра“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека од другата страна има луѓе кои се откажуваат при првиот предизвик, за што најдобар доказ е Град Скопје.

„Мицкоски гордо парадираше со градоначалничката Арсовска која тие ја поддржаа. Заедно со неа најавуваше и паркови, и почист воздух, и еко-автобуси и урбанистички ред. И? Што од тоа добивме? Ај што ништо не сработија, па дури и велат дека не биле они криви“ рече Ковачевски.

„Јас ги слушам и прифаќам критиките од граѓаните. И кога со нив разговарам на улица, и кога одам на пазар и од она што го читам во медиумите. Тие со право критикуваат. Но, никогаш нема да ги прифатам критиките од ВМРО ДПМНЕ и ученикот на Груевски, Христијан Мицкоски“ порача Ковачевски.

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

Ковачевски нагласи дека ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

– СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек – партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.

– Ние не се откажуваме од Македонија во ЕУ! Верувајте, тоа не е цел сама за себе! Не се откажуваме од ЕУ затоа што знаеме дека тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача лидерот на СДСМ во Аеродром.

 

Поврзани новости