Ковачевски: Не сакам да шпекулирам колку ќе поскапи струјата од јануари

by fokus

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека поаскпувањето на струјата од јануари ќе биде „благо“, но не сака да шпекулира со бројки.

-Кризната состојба се носи за полесно да се надминат предизвиците. Сега е потребна, да се подготвивме, за да можеме да ги примиме сите удари. Успешно како и минатата година. Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ја завршуваат работите, вели Ковачевски.

Тој додаде дека нема земја во Европа којашто не донела мерки за штедење, но тоа не значело дека не може да се произведе доволно енергија.

-Туку да можеме да зачуваме енергија за потешките месеци. Мора секој да штеди, почнувајќи од семејствата. За да имаме кога ќе ни биде попотребна. Ние никогаш не сме произведувале 100 отсто струја. Ние сега произведуваме 25 отсто плус од минатата година. Останатиот процес се набавува на слободниот пазар и таа струја е поскапа, вели Ковачевски.

 

 

Поврзани новости