Ковачевски не сака да се меша по најавите дека Пендиков ќе добие државјанство и стан во Бугарија

by Fokus

Не можеме да се мешаме дали некоја друга држава ќе издаде државјанство, истакна премиерот Ковачевски по денешните прашања за состојбата со Христијан Пендиков, кој беше истепан во Охрид.

„Ние сме мултиетничка и мултикултурна држава која својата сила ја црпи од различностите што ги имаме кај нас и така ќе продолжиме. Што се однесува до активностите на бугарските власти во својата држава, не можеме ние да се мешаме дали тие некому ќе му дадат државјанство или ќе му подарат стан, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме тоа да го направиме со некој граѓанин“, додаде Ковачевски.

Поврзани новости