Ковачевски: Не бев во Благоевград оти имаше седница, но мило ми е што Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не присуствувал на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, оти претходно била закажана владина седница за денеска посветена на справување со енергетската криза.

-Не бев во Бугарија зашто денеска бев на седница на Влада и првиот пат кога ме прашаат новинарите кажав дека ќе бидам во Скопје, бидејќи знаев дека денеска ќе имаме седница во Влада токму заради справување со енергетската криза. Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев, можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на Договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со Европската Унија и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа, рече Ковачевски.

Поврзани новости