587
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК, Жозеп Борел, порача дека местото на нашата земја е во ЕУ, со надеж дека наскоро ќе се добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.
„Решението на прашањата со Бугарија треба да бидат во духот на европските вредности и одлуката треба да биде прифатена од сите земји членки. Разговарав со Борел и добивме уверување дека разговорите ќе ги пренесе во ЕК, за Северна Македонија и Албанија час поскоро треба да отпочнат преговори за членство во ЕУ. Нашето место е во ЕУ, членството во ЕУ дава економски бенефит за граѓаните, ја засилува безбедноста“, рече Ковачевски.