208
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, ќе учествува и ќе се обрати на 20-то јубилејно издание на Виенскиот економски форум.
Според програмата, предвидено е премиерот Ковачевски да учествува и да говори на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба.
Во рамки на Форумот, Ковачевски ќе има билатерални средби со премиерот на Косово, Албин Курти и со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.