259
-Длабоко ја цениме Резолуцијата на германскиот Бундестаг со којашто се потврдува недвосмислената поддршка на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ со сопствен македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од европскиот мозаик, рече премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот.
Од Владата соопштија дека на средбата се поздравени напорите на Северна Македонија во имплементација на реформските процеси во насока на подобрување на состојбите во сите сфери на општественото живеење.
-На средбата беше потенцирано дека треба да постои свесност кај сите парламентарни политички партии за обединување околу исполнувањето на заедничката стратешка цел- членството на Северна Македонија во Европската Унија бидејќи тоа ќе донесе безбедна и проспертитетна иднина за сите граѓани, соопштија од Владата.
Во соопштението од Владата стои дека Рот ја потврди цврстата поддршка на Германија за Северна Македонија на патот на евроинтеграциите и оцени дека сега е време државата да продолжи одлучно напред се до исполнување на стратешката цел-членство во Европската Унија
-Рот потенцираше дека Германија гледа на Северна Македонија како неизоставен дел од Европската Унија, земја чии аспирации и напредок заслужено треба да бидат наградени со членство во големото европско семејство, соопшти Владата.
–