Ковачевски на средба со пензионери: Од повозрасните може многу да се научи

by Фокус

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.

Во разговор со пензионерите, во стариот парк во населбата, Ковачевски зборуваше за владините мерки и политики на СДСМ со кои им овозможуваме пристојна старост на пензионерите и во време на криза.

-Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров. Во време на криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите. Затоа и ги зголемивме пензиите, а и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца – рече Ковачевски.

Тој го посети и пазарот во Ѓорче Петров.

-Нашите јаболки се најмиризливи, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна храна е нашето богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, затоа и годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна-рече Ковачевски.

Поврзани новости