Премиерот Димитар Ковачевски денеска во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
-Ковачевски му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата. Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”, соопштија од Владата.
Неговиот последен спортски успех е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.