Заканите на Путин треба сериозно да се сфатат, смета Меркел

by Фокус

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати.

Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“ нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин.

-Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување – нагласи таа.

Поврзани новости