Ковачевски: Ќе си помагаме ако снема храна

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски во своето денешно обраќање во рамки на самитот на Отворен Балкан во Белград рече дека сите три земји потпишале договори со кои се обврзале меѓусебно да си помогнат во услови на недостиг на храна или земјоделски намирници.

-Со договорите што ќе ги потпишеме на овој самит ќе се обврземе за достапност на храна до нашите граѓани. Прво меѓусебно да си помогнеме, секаде каде што е потребно, а потоа ќе пласираме и кон други земји каде што е потребно. Како што доликува на добри соседи. Ќе си помагаме во случај на прекин на снабдување со храна, како последица од глобалната криза, ако која било држава од нас би се соочила евентуално со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар“, рече Ковачевски.

Поврзани новости